• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Турските сили напредуваат во реонот на Африн

Турските сили напредуваат во реонот на Африн

Дамаск, 8 март 2018 (МИА) - Турските армиски сили, заедно со борци на сириските бунтовнички групи што ги поддржува Анкара, денеска воспставија целосна контрола врз местото Џиндерес во реонот на сирискиот град Африн, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. 

Според Центарот, со освојувањето на Џиндерес, турската армија и нивните сојузници под своја контрола ги држат петте најважни населени места во регионот по Африн. 

Центарот, чие седиште е во Лондон, посочува дека со денешното напредување турските сили се доближиле на десетина килкометри до Африн.

Освојувањето на Џиндерес, што се наоѓа југозападно од Африн, го потврди и командантот на бунтовничката група Фајлак ал Шам, Абу Салех, кој изјави дека во рамки на турската офанзива „ослободен е целиот град“.

Турција Африн Сирија

Тој додаде и дека бунтовничките борци го истакнале своето знаме на зградата на локалната управа во Џиндерес.

АФП јави дека по навлегувањето на турските војници и нивните сириски сојузници, најголем дел од жителите на Џиндерес побегнале од градот.

Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари во реонот на Африн почна воена оперцијата против Силите за заштита на народот на сириските Курди. Цел на операцијата, нарчена „Маслиново гранче“, според Анкара е потиснување на борците на Силите за заштита на народот од реоните долж сириската граница кон Турција. 

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ. 

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, од почетокот на турската опрација во Африн загинале 199 цивили, меѓу кои и 32 деца. Турција од своја страна, тврди дека ги презема сите мерки за да се избегнат цивилни жртви, нагласувајќи дека цел на нејзините напади се само воени позиции.

Турција Африн Сирија

Турските сили и бунтовничките борци во петкот презедоа контрола врз градот Раџо, што се наоѓа северозападно од Африн, по што најавија дека нивна следна цел ќе биде „потиснување на терористите“ и од Џиндерс.

Раџо и Џиндерес имаат стартешки важни позиции за очекуваниот обид на турските сили и сириските бунтовници за потиснување на Силите за заштита на народот од градот Африн.

Курдските сили во вторникот соопштија дека од реонот на источниот брег на реката Еуфрат во Африн префрлиле околу 1.700 борци, со задача да им помогнат на своите соборци во запирањето на турската офанзива.

Поради префрлањето на курдските борци во Африн, Пентагон донесе одлука за времено прекинување на офанзивните операции против џихадистичката група Исламска држва (ИД) во источна Сирија. сп/16:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.