• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Министерот Поповски ја осудува заканата врз претседателот на ЗНМ, Селмани

Министерот Поповски ја осудува заканата врз претседателот на ЗНМ, Селмани

Скопје, 8 март 2018 (МИА) - Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ја осудува заканата врз претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

- Најостро го осудуваме секој обид за напад или закана врз новинарите. Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Потенцираме дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување, професионално и објективно работење на новинарите, без политичко влијание или какви било притисоци, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот Поповски.  дма/сст/17:02

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...