• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Судско сослушување за Твитер налогот на Трамп

Судско сослушување за Твитер налогот на Трамп

Вашингтон, 8 март 2018 (МИА) - Сојузен судија денеска ќе ги сослуша аргументите за тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп ја прекршил слободата на говорото на корисниците на Твитер со тоа што ги блокирал.

Изнесувањето на аргументи е дел од тужбата што во  јули минатата година ја поднесе еден претставник од Институтот на Универзитетот Колумбија, кој го проучува Првиот амандман на Уставот на САД и неколкумина поединци, корисници на Твитер.

Тие поднесоа тужба против Трамп бидејќи ги блокирал Твитер налозите на сопствениците што го критикуваа, исмејуваа и не се согласуваа со неговите ставови, со образложение дека Твитер налогот на американскиот претседател е јавен форум и оти со забраната за пристап се крши Првиот амандман на Уставот на САД .

Трамп одговори дека неговиот Твитер е приватен, а не државен или јавен форум. ми/17:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...