• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Стопанските комори на Македонија и Србија го поддржуваат договорот за брашното

Стопанските комори на Македонија и Србија го поддржуваат договорот за брашното

Белград, 8 март 2018 (МИА) - Стопанските комори на Србија и Македонија го поддржуваат договорот постигнат во Скопје од страна на ресорните министри на двете земји, со цел изнаоѓање на трајно решение за проблемот на меѓусебна трговија со брашното. 

Како што е објавено на официјалната веб страница на Стопанската комора на Србија, и двете комори се залагаат сите отворени прашања да бидат решени преку дијалог и во интерес на деловните заедници на двете земји.

- Го поздравуваме формирањето на заедничкиот Комитет составен од надлежни институции на двете земји, со цел ефикасно да се најдат решенија за отстранување на бариерите и препреките во меѓусебната трговија и преку дијалогот и да се решат сите отворени прашања, истакнаа во заедничката изјава претседателите на стопанските комори на Србија и на Македонија, Марко Чадеж и Бранко Азески.

Двете комори се подготвени активно да се вклучат во работата на Комитетот и да ги стават на располагање своите ресурси, со цел поефикасно, вклучувајќи ги и предлозите на стопанствениците, да се елиминираат сите предизвици и да се овозможи непречено стопанисување.

Се очекува постигнатиот договор да обезбеди трајни решенија, бидејќи едностраните мерки, кои претставуваат нецарински бариери, дестимулативно влијаат врз економиите на сите земји од ЦЕФТА договорот.

Стопанските комори на Србија и на Македонија укажуваат дека е неопходно новооснованиот Комитет што е можно побрзо да ги разгледа сите отворени прашања и да предложи решенија за отстранување на сите бариери и препреки во меѓусебната трговина. об/дма/17:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ