• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Рахој: Сепаратистичките движења се меѓу најголемите предизвици за ЕУ

Рахој: Сепаратистичките движења се меѓу најголемите предизвици за ЕУ

Мадрид, 8 март 2018 (МИА) - Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изјави дека спречувањето на движењата за независност ширум Европа е еден од најголемите предизвици со кои се соочува ЕУ, предупредувајќи на опасност од сепаратистички движења во Италија и Франција. 

Ваквиот став Рахој го изнесе на состанок со членови на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во Валенсија затворен за јавноста, на кој тој ја бранеше стратегија што ја примени во случајот со Каталонија.

- Некои духови од минатото се вратија, како што е нетолерантниот национализам, како верзија на популизмот, кој е добро познат во Шпанија и не само во неа, рече Рахој.

Маријано Рахој

Тој воедно им се заблагодари на европските држави за поддршката во случајот со Каталонија.

- Во светло на сецесионистичките судири, Шпанија е благодарна за поддршката која и ја даваа европските држави и сите демократии ширум светот. Ви благодарам за вашата одбрана на правото и демократијата, подвлече Рахој.

На состанокот, меѓу другите, присуствуваше и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, кој рече дека е важно „да се одбрани единството на земјите, Европа, Шпанија, Италија“. ир/сп/18:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.