• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Лавров: Москва заинтересирана за индустријата со дијаманти и платина во Зимбабве

Лавров: Москва заинтересирана за индустријата со дијаманти и платина во Зимбабве

Хараре, 8 март 2018 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е заинтересирана за индустријата со дијаманти и платина во Зимбабве.

Лавров, кој е на турнеја во Африка, на прес-конференција по средбата со новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Манангагва, рече дека двајцата разговарале за продлабочување на економските врски меѓу двете земји.

- Се заложивме за спроведување заеднички проект за истражување на резервите на платина во Дарвендале, рече Лавров.

Русија и Зимбабве во 2014 година потпишаа договор вреден три милијарди долари за експлоатација на богатото наоѓалиште на платина кај Хараре.

Проектот што го финансира Русија предвидува производство на 600.000 унци платина годишно и отворање 8.000 работни места.

Зимбабве има богати ресурси на руда - платина, злато, дијаманти и никел, но веќе десет години се наоѓа во голема економска криза.

Еден од главните приоритети на новиот претседател е поттикнување на стопанството. паг/18:19

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ