• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Скапароти: Русија има корист од несогласувањето меѓу Турција и НАТО

Скапароти: Русија има корист од несогласувањето меѓу Турција и НАТО

Вашингтон, 8 март 2018 (МИА) - Русија има корист од политичките несогласувања меѓу Турција и нејзините сојузници од НАТО, оцени командантот на Здружените сили на Алијансата во Европа, генерал Кертис Скапароти во писмена изјава до Комисијата за воени прашања во американскиот Сенат. 

- Русија има корист од политичките спорови меѓу Турција и сојузниците од НАТО, кои може да ги искористи со цел да ја поткопа довербата и единството, смета американскиот генерал.

Скапароти ја уверува сенатската Комисија дека европската команда на НАТО „ќе ги заштити и зајакне односите“ меѓу Анкара и Вашингтон.

Генералот потенцира дека Турција во моментов се соочува со два главни предизвика во областа на безбедноста - субверзивното делување од страна на Русија и терористичката закана од Исламската држава“. ир/сп/19:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.