• A-
  • A
  • A+
недела, 24 јуни 2018, 

Земјотрес од 7,1 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес од 7,1 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Вашингтон, 8 март 2018 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 7,1 степении според Рихтерова скала денеска е регистриран на 135 километри источно од градот Рабаул во источниот дел на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја.

Потресот се случил во 3 часот и 39 минути по локално време (18:39 часот по средноевропско време), соопшти Американскиот геофизички институт.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. 

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами објави тревога за можна појава на големи бранови.

Ова е втор силен земјотрес регистриран оваа недела во реонот на Папуа Нова Гвинеја, по оној од вторникот со интензитет од 6,7 степени според Рихтер.

Во земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што се случи во Папуа Нова Гвинеја на 26 февруари, загинаа повеќе од 100 лица. ир/сп/20:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Познатиот кувар не бил под влијание на дрога кога се самоубил

Познатиот американски кувар Ентони Борден не бил п...

Џони Деп: Го допрев дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во гла...

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бе...

Дебелеењето нуспојава на Мундијалот

Седењето пред телевизор, пиењето на зашеќерени нап...