• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Скапароти: САД немаат стратегија за борба против руските кибер напади

Скапароти: САД немаат стратегија за борба против руските кибер напади

Вашингтон, 8 март 2018 (МИА) - САД немаат ефикасна координирана стратегија за справување со руските кибер напади, оцени командантот на Здружените сили на Алијансата во Европа, генерал Кертис Скапароти на сослушувањето пред Комисијата за вооружените сили на американскиот Сенат. 

- Не сметам дека имаме ефикасна координација на меѓусекторско ниво. Недостигаат енергија и посветеност, кои треба да ги постигнеме, изјави Сакапроти.

Според него, САД немаат доволно информации за руската кибер инфрастуктура.

- Добивме појасна претстава за неа, но не би можел да кажам дека во оваа фаза имаме јасна слика, додаде американскиот генерал.

Запрашан од сенаторите дали Русија директно извршува кибер напади врз САД и води информативна војна со земјата, Скапароти изјави дека има сознанија за руски активности против инфрастуктура на американска територијата, но не изнесе детали за ова свое тврдење.

Американски официјални претставници досега во повеќе наврати предупредуваа дека Русија се обидва да се меша во конгресните избори во САД превиднени за ноември годинава, преку хакерски напади и со користење на социјалните мержи за ширење пропаганда и лажни вести, слично како и на претседателските избори во 2016 година. сп/21:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.