• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Ново рочиште за „Траекторија“

Ново рочиште за „Траекторија“

Скопје, 17 април 2018 (МИА) - На денешното рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ треба да бидат разгледани материјалните докази.

Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски пред Судот се изјаснија дека го разбрале обвинителниот акт и предлог, но оти не се чувствуваат за виновни.

Според СЈО со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што како држава ја плаќаме на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.

Адвокатите, пак, тврдат дека ќе докажат оти со околностите и податоците со кои располагале обвинетите при носење на одлуките не е направено противзаконско дејствие. дма/са/07:40

###

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека...

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Жителка на Пенсилванија, по име Трејси Хофекер про...

Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарк...

Џорџ Мајкл петпати се обидел да изврши самоубиство

Иако официјалните податоци говорат дека британскио...

Почина глумицата Елмари Вендел

Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ...