• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Конференција за јавната инфраструктура во ЈИЕ

Конференција за јавната инфраструктура во ЈИЕ

Скопје,  17 април 2018 (МИА) - „Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес" е темата на  регионалната конференција што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Аналитика тинк-тенк. 

На конференцијата, која ќе ја отвори министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, ќе биде презентирана регионална анализа за јавната инфраструктура во Југоисточна Европа, активност предвидена со проектот „Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии“. 

Најавено е учество на експерти од Европската инвестициска банка, Bankwatch, Енергетската заедница, Agora Energiewende (Германија). Ќе се зборува за улогата на ЕУ во планирањето и финансирањето на инфраструктурата во Југоисточна Европа и за тоа кои лекции можат да се научат од инфраструктурните случаи во регионот од гледна точка на локалните невладини организации од Србија, Македонија и Бугарија.

Активностите ги реализира Аналитика од Македонија, со Фрактал (Србија), За земјата (Бугарија), ЦЕЕ (Босна и Херцеговина), МАНС (Црна Гора), ЦЕКОР (Србија), БИРН (Босна и Херцеговина), Смехомат (Словенија), Фокус (Словенија) и координаторот „Крилја на надежта“ (Босна и Херцеговина).

Финансииите за проектот  се обезбедени преку Програмата за механизми на граѓанското општество и медиуми 2014-2015.лв/са/07:39

###


 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...