• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Хелсиншки ќе го промовира Годишниот извештај за правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил

Хелсиншки ќе го промовира Годишниот извештај за правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил

Скопје, 17 април 2018 (МИА) - Промоција на Годишниот извештај за 2017 година за утврдените состојби и почитувањето на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил кои транзитираа низ Република Македонија се одржи денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права.

На настанот ќе бидат презентирани главните заклучоци и препораки кои произлегуваат од забележаните состојби во текот на изминатата година.

Ќе биде отворена дискусија за споделување на впечатоците и наодите од страна на сите засегнати чинители во бегалската криза.

Воведно обраќање на презентацијата ќе има извршната директорка на Хелсиншки, Уранија Пировска, а презентацијата на заклучоци и препораки од Годишниот извештај ќе ги изнесе проектната координаторка Елена Брмбеска. На настанот обраќање ќе има и професор Трпе Стојановски, истражувач за целите на проектот.

Годишниот извештај е подготвен во рамките на проектот „Помош на рутата- обезбедување заштита на човековите права на мигрантите кои поминуваат низ Македонија и Србија“, поддржан од Европската унија, а имплементиран во соработка со Фондацијата Ана и Владе Дивац - Србија, Новосадски Хуманитарен Центар и Арбајтер-Самаритер-Бунд Дојчланд (АСБ). ац/са/07:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...