• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ гостува во Кочани

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ гостува во Кочани

Скопе, 17 април 2018 (МИА) - Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ вечер од 18 часот ќе биде отворена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани и ќе може да се посети до 3 мај.

Изложбата, која во Кочани ја организира Младинскиот образовен форум, има 39 паноа на кои е раскажана приказната за Ана Франк, истовремено и за холокаустот и Втората светска војна. Прикажува фотографии од детството на Ана, подемот на нацизмот, погромот на Евреите и реакциите на луѓето.

Во светот оваа изложба ја виделе над пет милиони посетители во повеќе од 40 држави. Таа е една од најпознатите светски едукативни изложби кои се однесуваат на холокаустот и човековите права.  

Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повијест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Европската унија.

Досега беше поставена во 16 градови и видена од над 16.000 посетители. Водичи на изложбата се млади волонтери - средношколци кои поминале обука да ја раскажат приказната за животот на Ана Франк. хс/са/07:37

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ