• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре во посета на Македонија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре во посета на Македонија

Приштина,17 април 2018 (МИА) – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на Храдинај, тој освен средбата со својот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев, ќе биде примен и од други високи македонски личности.

- Премиерите Харадинај и Заев ќе разговараат за пријателските меѓусосодски односи, а ќе го дефинираат и датумот на одржување на заедничката седница на владите на двете земји, се наведува во соопштението.

Косовските медиуми наведуваат дека истиот ден во Скопје ќе прстојува високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Македонскиот премиер Заев на 12 декември престојуваше во Косово, каде домаќинот Харадинај го пречека со највисоки државни почести. вт/сд/07:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...