• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Израел ги казнува сопствениците на автобуси кои превезуваат палестински демонстранти

Израел ги казнува сопствениците на автобуси кои превезуваат палестински демонстранти

Газа, 17 април 2018 (МИА) - Израел соопшти дека ги казнува сопствениците на автобуси во Појасот Газа кои превезувале активисти на Хамас на границата со Израел за да протестираат.

Израелскиот генерал мајор Јоав Мордехај кој раководи со военото тело Когат задолжено за палестински цивилни работи, напиша на Фејсбук дека 14 компании го игнорирале предупредувањето и превезувале насилни демонстранти.

Мордехај најави дека и нивните семејства нема да добијат дополнителни привилегии и оти нивните врски со Израел ќе бидат прекинати, но не откри други детали.

Движењето Хамас, кое владее со Појасот Газа, повика на шестнеделни протести долж границата против израелската и египетската блокада, како и правота на враќање палестински бегалци на сегашна израелска територија.

Протестите се одржуваат секој петок од 30 март, а ќе траат до 15 мај, Денот на независноста на Израел. јт/зш/08:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.