• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Г-7 ја повика Русија да ја открие програмата „Новичок“

Г-7 ја повика Русија да ја открие програмата „Новичок“

Отава, 17 април 2018 (МИА) - Министрите за надворешни работи од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) денеска ја повика Русија да објави детали за нејзината програма за хемиско оружје Новичок, која, според нив, послужила за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Тие оценија дека Новичок претставува „закана за сите“.

„Го делиме заклучокот на Велика Британија дека, од една страна, многу е веројатно дека Руската Федерација е одговорна за нападот и, од друга страна, не постои друго можно објаснување", се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Јапонија.

Според нив, одбивањето на Москва да одговори на легитимните прашања на британската влада само ја покажува нејзината одговорност. ссм/зш/08:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...