• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Делегација на АРМ во посета на вооружените сили на Албанија

Делегација на АРМ во посета на вооружените сили на Албанија

Скопје, 17 април 2018 (МИА) - Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Методија Величковски, од денеска до четврток ќе престојува во официјална посета на вооружените сили на Албанија.

Во текот на утрешниот ден, генерал Величковски ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на албанските вооружени сили бригаден генерал Бардил Колчаку и со заменик-министерот за одбрана Петро Кочи.

Македонската воена делегација ќе ја посети и командата на поморските сили во Драч, каде генералот Величковски ќе има средба со командантот на поморските сили, генерал мајор Илбер Доѓани. бак/сд/08:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека...

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Жителка на Пенсилванија, по име Трејси Хофекер про...

Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарк...

Џорџ Мајкл петпати се обидел да изврши самоубиство

Иако официјалните податоци говорат дека британскио...

Почина глумицата Елмари Вендел

Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ...