• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Гран-при за претставата „Јами дистрикт“ на ИТФ „Лица без маски“

Гран-при за претставата „Јами дистрикт“  на ИТФ „Лица без маски“

Скопје, 17 април 2018 (МИА) - Гран-при за најдбора претстава во целина на 11. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ доби „Јами дистрикт“ од Србија во режија на Кокан Младеновиќ.

Одлуката ја донесе жири во состав: Нина Николиќ, режисер и претстедател на жирито, и членовите: Дарја Ризова - актерка и Драгана Лукан Николовски - драматург. Според нив, „Јами дистрикт“ е заокружен проект во кој јасно се гледа соработката на целата авторска екипа.

- Занимавајќи се со проблемот на идентитетот во современите општества, особено на Балканот, таа отвора прашања кои вечно остануваат неодговорени. Направена во форма на лажен документарец, проектот јасно покажува дека е производ на темелна анализа и фокусирана работа на сите учесници, чиј краен резултат е претстава во целина која не наведува постојано да се преиспитуваме, но и која длабоко емотивно не допира, стои во образложението на жирито.

Дистрикт 1

„Јами дистрикт“ освои награда и за најдобра режија, која му е доделена на Кокан Младеновиќ зашто, според жирито, успешно ги синхронизира мноштвото приказни и ликови, успевајќи да направат едноставни и совршено јасни преоди во наративната линија. 

Наградата за најдобро актерско остварување и е доделена на актерката Нина Нешковиќ, исто така од претставата „Јами дистрикт“, која „низ спректар на различни актерски техники, покажа исклучиетлно моќна и прецизна актерска игра...“

Награда за оригинален концепт доби сензорната претстава „Арктик“, во продукција на шпанскиот независен театар „Понтен Пие“ која, наведува жирито, „на оригинален начин ја воведува публиката во еден сосема нов простор, предизвикувајќи несекојдневно сетилно доживување“. 

Арктик

Единаесеттиот ИТФ „Лица без маски“ годинава од 12-ти до 16 април донесе седум претстави - четири гостински (од Грција, Шпанија, Србија и Косово) и три домашни, а беше затворен синоќа со изведба на претставата „Ла Ла Ла“, во режија на Саша Евтимова, и со доделување на наградите. хс/ сд/09:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ