• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Влезот на јубилејниот Саем на книга бесплатен за групни посети на ученици

Влезот на јубилејниот Саем на книга бесплатен за групни посети на ученици

Скопје, 17 април 2018 (МИА) - Саемот на книга од 3-ти до 9 мај ќе се  одржува под слоганот „30 години читаме со задоволство” со учество на  49 издавачи од Македонија.

По повод тридеценискиот јубилеј, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен, соопшти Скопски саем, кој ја организира саемската манифестација под покровителство на Министерството за култура. 

Саемот првпат годинава ќе се одржува во ВИП Арена „Борис Трајковски“, со работно време од 10 до 20 часот. 

На штандовите со книги посетителите може да најдат изданија од домашни и странски автори, белетристика, стручна и научна литература, енциклопедии, книги за млади и деца, учебници и училишни прирачници... хс/скс/09:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ