• A-
  • A
  • A+
четврток, 26 април 2018, 

ЕК ќе го објави извештајот за напредокот на држави од Западен Балкан

ЕК ќе го објави извештајот за напредокот на држави од Западен Балкан

Брисел, 17 април 2018 (МИА) – Европската комисија ќе објави денеска годишен извештај за напредокот во евроинтеграциите за државите од Западен Балкан, во кој Албанија и Македонија ќе добијат препораки за отворање пристапни преговори.

Србија и Црна Гора може да очекуваат поттик за продолжување на европскиот пат, но со нагласок за обврската за исполнување на сите услови.

БиХ и Косово може да очекуваат критики поради спори реформски процеси. Од Косово ќе се бара зајакнување на ангажманот за дијалог со Србија и спроведување на сите договори, особено за формирањето на ЗСО.

Бугарија која претседава со Унијата силно поддржува проширување на ЕУ на Западен Балкан. За тоа сведочи и самитот на држави ЕУ и Западен Балкан што наскоро ќе се одржи во Софија. Тоа ќе биде прв таков самит по оној во Солун во 2003 година кога на регионот му беше понудена европска перспектива.зш/10:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Букурешт - град на кабли

Романскиот главен град Букурешт би можел да се нар...

Гркинка е највозрасна жена на светот (видео)

Пред неколку дена почина највозрасното лице на све...

Премиера на „Одмаздници: Војна на Бесконечноста“, ФХ3Х работеа на ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Ќе се снима филм заснован на „Долгата прошетка“ на Стивен Кинг

Сценаристот Џејмс Вандербилт го подготви текстот з...

Се планира филм за секс скандалот Вајнстин

Продукциските куќи Анапурна и План Б, во соработка...