• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Дестици приведени при протести во Ереван

Дестици приведени при протести во Ереван

Ереван, 17 април 2018 (МИА) - Околу 30 демонстранти се приведени во еременскиот главен град Ереван, за време на протестите против поранешниот претседател Серж Сарксјан, соопшти лидерот на опозициската партија Граѓански договор, пратеникот Никол Пашинјан.

 - Според нашите информации, полицијата приведе околу 30 лица. Но, тоа ништо не менува. Ние продолжуваме со нашата тактика, продолжуваме со протести и блокираме улици, изјави денеска Пашинјан.

Претходно, портпаролот на ерменската полиција Асхот Ахаронјан изјави дека неколкумина демонстранти „се одведени во полициска станица“.

- Неколку луѓе беа однесени во полициската станица под сомнеж за извршување административни прекршоци, појасни Ахаронјан.

Демонстрантите се приведени затоа што го блокираа сообраќајот.

Ерменската опозиција го обвинува поранешниот претседател Сарксјан дека го сменил политичкиот систем на државата за да остане на власт, истакнувајќи дека го сменил Уставот во 2015 година. Со измените, премиерот ја презема извршната власт наместо претседателот.

Саркасјан беше на власт 10 години, од 2008 година, а владејачката Републиканска партија во саботата го номинираше за премиер, откако по истекот на неговиот претседателски мандат за шеф на државата е избрам сојузникот на Сарксјан, Армен Саркисијан.

Ерменскиот Парламент денеска околу пладне ќе треба да гласа за избор на Сарксјан за нов премиер. Други кандидати нема, а за да биде избран Сарксјан потребно е просто мнозинство. ссм/сп/11:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...