• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Дел од владејачката коалиција во Турција со повик за предвремени избори

Дел од владејачката коалиција во Турција со повик за предвремени избори

Истанбул, 17 април 2018 (МИА) – Лидер на партија што е дел од турската владина коалиција повика за одржување предвремени избори, јавија турски медиуми.

– Не е можно за Турција да чека до 3 ноември 2019 година за да се одржат избори, изјави Девлет Бахчели, лидер на Партијата на националистичко движење.

Изборите според него, треба да се одржат на 26 август оваа година.

– Најприфатливо за Турција е да се одржат избори на 26 август 2018 година и тоа – и претседателски и парламентарни, нагласи Бахчели.

Турскиот заменик премиер наведе дека владејачката партија ќе го разгледа предлогот за предвремени парламентарни и претседателски избори.

Бекир Боздаг ја даде изјавата кусо откако Бахчели го наведе предлогот.

По референдумот одржат лани, Турција преминува од парламентарен систем во претседателски. Промените стапуваат на сила по следните избори. зш/11:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...