• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 април 2018, 

Европскиот суд за правда пресуди дека Полска го прекршила законот со сечата во Бјаловешка шума

Европскиот суд за правда пресуди дека Полска го прекршила законот со сечата во Бјаловешка шума

Луксембург, 17 април 2018 (МИА) – Европскиот суд за правда денеска пресуди дека Полска ги прекршила законите за заштита на животната средина со тоа што извршила масовна сеча на дрва во Бјаловешката шума, една од последните европски прашуми.

Полското Министерство за заштита на животна средина соопшти дека ќе ја почитува пресудата на Европскиот суд за правда.

- Чекаме детали за официјалната пресуда на Судот. Као што рековме претходно, Полска ќе се придржува до пресудата на Судот, изјави портпаролот на Министерството.

Во пресудата на Европскиот суд за правда се наведува дека со масовната сеча во Бјаловешката прашума, Полска не успела да ги исполни своите обврски да заштити места со посебно значење во природата.

Полска тврдеше дека сечата на дрвата била неопходна во борбата против инвазија од бубачките подкорници.

Од друга страна, еколозите предупредија дека со масовната сеча во Бјаловешката прашума се уништуваат ретки живеалишта на животни и растенија, како и дека се кршат прописи на ЕУ. јт/зш/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...