• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Осомничени припадници на ИД уапсени во Русија

Осомничени припадници на ИД уапсени во Русија

Москва, 17 април 2018 (МИА) - Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека нејзини припадници уапсиле неколкумина членови на џихадистичката група Исламска држава, кои планирале да извршат терориситчки напади во реонот на градот Ростов.

- ФСБ откри и пресече активности на припадници на тајна ќелија на меѓународната терористичка организација ИД, се наведува во соопштението.

Според службата, уапсените планирале да извршат „големи терористички напади“ на територијата на Ростовската Област со помош на огнено оружје и рачно изработени експлозивни направи.

Руските медиуми јавија дека при акцијата за апсење на осомничените териристи, нивниот лидер се саморазнел со експлозивна направа. Според истите извори, припадниците на ФСБ уапсиле тројца припадници на ќелијата на ИД. 

При акцијата во објектот во кој се наоѓале уапсените се пронајдени автоматска пушка АК-47, позната како „Калашников“, рачни бомби и упатства за производство на експлозивни направи. сп/12:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.