• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Косовски пратеници ја обвинија полицијата за дискриминација по етничка основа

Косовски пратеници ја обвинија полицијата за дискриминација по етничка основа

Приштина, 17 април 2018 (МИА) - Пратениците на Либералната египќанска партија (ПЛЕ) и на Демократската партија на косовските Ашкали (ПДАК) во косовското Собрание се заканија дека ќе ја напуштат владејачката коалиција поради дискриминацијата на припадниците на нивните заедници во огласите за вработување во полицијата на Косово, јави РТК.

Пратениците тврдат дека косовската полиција и Министерството за внатрешни работи ги изоставуваат припадниците на египќанската и ашкалската етничка заедница од процесот на вработување, бидејќи во пријавите за работа не им е понудена опција да се изјаснат за својата национална припадност.

Пратениците на косовската полиција и дадоа рок од 24 часа за да ја исправи грешката.

Косовската полиција соопшти дека е посветена на еднаквоста на сите заедници и оти спорната пријава има „техничка грешка“.

- Ве уверуваме дека веднаш ќе бидат преземени мерки за да се исправи оваа техничка грешка, се наведува во соопштението од полицијата. ссм/сп/12:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека...

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Жителка на Пенсилванија, по име Трејси Хофекер про...

Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарк...

Џорџ Мајкл петпати се обидел да изврши самоубиство

Иако официјалните податоци говорат дека британскио...

Почина глумицата Елмари Вендел

Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ...