• A-
  • A
  • A+
четврток, 26 април 2018, 

„Вашингтон Пост“: САД го одложија воведувањето нови санкции кон Русија

„Вашингтон Пост“: САД го одложија воведувањето нови санкции кон Русија

Вашингтон, 17 април 2018 (МИА) - Администрацијата на САД го одоложи воведувањето нови санкции кон Москва, откако американскиот претседател Доналд Трамп го стопира планот за дополнителни економски казнени мерки кон Русија, тврди „Вашингтон пост“.

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли вчера во интревју за Си-Би-Ес најави дека САД ќе воведат нови санкции кон руски компании, додавајќи дека деталите за овие мерки дополнитечно во текот на денот ќе ги објави секретарот за финансии Стивен Мнучин.

Според „Вашингтон пост“, изјавата на Хејли предизвикала вознемиреност во Белата куќа, по што Трамп веднаш свикал состанок со своите советници за национална безбедност. 

Извор од Белата куќа за весникот тврди дека на средбата Трамп изјавил дека е вознемирен од најавата на санкциите, во услови кога се уште не е подготвен за нивно воведување и кога за таквиот план знаеле сема мала група луѓе. 

Ники Хејли

Истиот извор наведува дека Администрацијата сериозно го разгледува воведувањето економски санкции кон Русија, заедно со други мерки, но дека Трамп се уште не дал конечно одобрение за нивно спроведување.

„Вашингтон пост“ оценува дека малку е веројатно оти Трамп ќе воведе нови санкции кон Русија, доколку Москва не преземе дополнителни чекори кои би испровоцирале реакција на Вашингтон, и дека засега стратегијата за економски казни е ставена на чекање.   

По сето ова, тимот на Трамп решил да ги оквалификува изјавите на Хејли како „неточни тврдења“, наведува весникот, додавајќи дека според нивните оценки, американската амбасадорка во ОН „рагирала брзоплето и направила грешка што треба да биде избришана“.

По изјавата на Хејли, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс вчера изјави дека американската Администрација размислува за воведување на дополнителни санкции кон Русија по наводниот напад со хемиско оружје во Сирија, но оти се уште не е донесена таква одлука.

Сара Сандерс (ЕПА)

- Размислуваме за дополнителни санкции кон Русија и одлуката ќе биде донесена во блиска иднина, изјави Сандерс. 

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека најавените нови американски санкции, според Москва, претставуваат „економски меѓународен напад и нефер конкуренција“, додавајќи оти одговорот на тоа ќе биде во согласност со руските интереси.

- Санкците кон Русија прераснуваат во фикс идеја. Се уште ги сметаме за незаконски и убедени сме дека секој економист може да увиди оти тие претставуваат обид за потиснување на руските компании од светскиот пазар, нагласи Песков. сп/12:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Букурешт - град на кабли

Романскиот главен град Букурешт би можел да се нар...

Гркинка е највозрасна жена на светот (видео)

Пред неколку дена почина највозрасното лице на све...

Премиера на „Одмаздници: Војна на Бесконечноста“, ФХ3Х работеа на ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Ќе се снима филм заснован на „Долгата прошетка“ на Стивен Кинг

Сценаристот Џејмс Вандербилт го подготви текстот з...

Се планира филм за секс скандалот Вајнстин

Продукциските куќи Анапурна и План Б, во соработка...