Пет млади македонски претприемачи ќе добијат по 4.000 евра за почнување бизнис
- вторник, 17 април 2018 12:48
Скопје, 17 април 2018 (МИА) - До крајот на годинава ќе биде објавен конкурс за млади претприемачи кои сакаат да почнат сопствен бизнис. Најдобрите пет ќе добијат по 4.000 евра.
Ова го предвидува регионалниот проект „Балканско-медитерански центар за иновации и претприемништво“ во кој освен Македонија, се вклучени и Бугарија, Грција, Албанија и Кипар.
Како што изјави денеска проект менаџерот Александар Филиповски, избраните најдобри и најиновативни на конкурсот, од почетокот до средината на 2019 година ќе поминат интензивен циклус обуки и менторирања кој ќе финишира во јуни со доделување на грантовите.
Таргет огласи со кои може да се аплицира се туризам, културно наследство, информациски технологии, животна средина, екологија и агробизнис.
Согласно проектот, отворена ќе биде и веб школа што ќе ги научи младите претприемачи на водење бизнис преку тренинг материјали, курсеви, видеа и други останати корисни алатки. мч/са/12:44
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 21:06 | Најмалку 18 загинати во поплавите во Руанда
Најмалку 18 лица загинаа во одроните и поплавите по обилните дождови во Руанда, соопшти денеска Влад...
- 20:59 | Робертсон во интервју за МИА: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации
Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Р...
- 20:15 | Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името
Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата н...
- 20:08 | Средба на премиерите на Бугарија, Романија, Грција со српскиот претседател
Премиерите на Романија, Бугарија и Грција, како и претседателот на Србија, денеска учествуваа на сос...
- 19:51 | Трамп и Макрон разговараа за Иран, Северна Кореја, Сирија
Се надевам дека ќе можеме да соработуваме многу отворено и чесно со Северна Кореја. Започнав процес ...