• A-
  • A
  • A+
вторник, 21 август 2018, 

Ким Џонг-ун на својата сопруга и додели титула прва дама

Ким Џонг-ун на својата сопруга и додели титула прва дама

Пјонгјанг, 19 април 2018 (МИА) - Сееренокорејскиот претседател Ким Џонг-ун на својата сопруга и додели титула прва дама, што е забележливо подигнување на нивото пред очекуваните состаноци со претседтаелите на САД и на Јужна Кореја, наведуваат аналитичари.

Ри Сол Џу често го следи својот сопруг на официјални настани, но првпат сама присуствуваше на балет на кинеска група. Известувајќи за тоа, севернокорејските медиуми ја нарекоа „уважена прва дама“. Таквата формулација првпат е употребена со придавка што обично се става до името на лидерот.

Главната спикерка на државната телевизија, Ли Чун Хе на која често и се дава да објавува важни вести го спомена тој настан на телевизија со што и дадена посебен „третман“  на првата дама. Ри Сол Џу е поранешна пејачка и се смета дека е жена од влијание, но досега беше само дотерана сопруга на лидерот на длабоко патријархалната Северна Кореја. Тоа е настојување да има ист третман како и сопругите на лидерите на САД и на Јужна Кореја – Ким Џанг-сук и на Меланија Трамп.

Последен пат називот прва дама е користен за Ким Сон Ае, втора сопруга на основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг во 1974 година. Ри има 29 години и три деца. ссм/зш/13:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Сите „паѓаат“ поради новиот тренд на Инстаграм

Лажните паѓања и тоа на невообичаени места се нова...

Опра со пријателите летува во Дубровник

Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра...

Мерилин Менсон колабираше за време на концерт во Хјустон

Музичарот Мерилин Менсон колабираше за време на ко...

Полицајка од Аргентина надои болно бебе во болницата каде што работи

Полицајка која била на должност во една аргентинск...

Принцот Чарлс може да си го смени името пред да седне на престолот

Принцот Чарлс чека на ред за престолот на Британск...