• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Димитров утре во посета на Луксембург

Димитров утре во посета на Луксембург

 Скопје, 19 април 2018 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, утре ќе реализира возвратна посета на Луксембург.

Од Министерството за надворешни работи информират дека покрај средбата со својот домаќин, министерот Димитров ќе оствари средба и со претседателот на Парламентот, Марс Ди Бартоломео и со членовите на парламентарната Комисија за надворешни и европски прашања, одбрана, соработка и миграции.

Во рамки на посетата, во Стопанската комора на Луксембург, Димитров ќе ги презентира можностите за инвестирање во Република Македонија пред луксембуршките компании.скс/19:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...