• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Францускиот претседател пристигна во тридневна посета на САД

Францускиот претседател  пристигна во тридневна посета на САД

Вашингтон, 23 април 2018 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна денеска во Вашингтон во тридневна официјална посета, а првпат домаќин во Белата куќа че му биде Доналд Трамп.

Макрон и неговата сопруга Брижит беа поздравени од воен оркестар, кој ги отсвире Марселезата и националната химна на САД, откако слегоа од авионот во базата „Ендрјус", близу Вашингтон.

Макрон изјави дека со Трамп ќе разговараат за неколку билатерални прашања, вклучувајќи ги безбедноста и трговијата, како и темите кои се на светската агенда.

Иранскиот нуклеарен договор и конфликтот во Сирија се меѓу темите кои ќе бидат разгледани за време на посетата.

- Ова е многу важна посета, со оглед на актуелниот контекст, исполнет со толку многу несигурност, проблеми и понекогаш закани, рече при пристигнувањето Макрон.

Подоцна денеска, францускиот лидер и неговата сопруга ќе се сретнат со Трамп и американската прва дама Меланија на вечера во историската резиденција на Џорџ Вашингтон „Маунт Вернон". ссм/21:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ