• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Девет лица загинаа, 16 се повредени откако комбе удри во група пешаци во Торонто

Девет лица загинаа, 16 се повредени откако комбе удри во група пешаци во Торонто

Торонто, 24 април 2018 (МИА) - Девет лица загинаа, а 16 се повредени откако бело комбе удри во група пешаци во Торонто, по што канадската полиција го пронајде и уапси возачот, изјави заменик началникот на полицијата Питер Јуен.

Инцидентот се случи во 13:30 часот по локално време, кога повеќето вработени излегуваат на пауза, а полицијата побара жителите да ја избегнуваат таа област. Возилото било изнајмено, а компанијата за рентање возила „Рајдер систем“ потврди дека едно од нејзините комбиња учествувало во инцидентот.

Торонто возач апсење 

Очевидец изјавил дека според него „возачот дејствувал планирано и сакал да ги убие сите“.

Локалната болница „Санибрук“ објави на Твитер дека примила најмалку седум повредени лица, од кои петмина се наоѓаат во критична состојба.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудејл го оцени инцидентот како „многу сериозен“, без да соопшти повеќе детали. Засега не е познато дали станува збор за сообраќајна несреќа или планиран напад. 

Полицијата веднаш ја блокира областа за движење, а затворена е и метро линијата која минува низ тој дел од градот. гт/00:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јутјуб воведува полесно препознавање на песните во видеата

Платформата за споделување видео снимки Јутјуб вов...

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...