• A-
  • A
  • A+
недела, 19 август 2018, 

Тајани: Стабилноста на Западен Балкан е клучна за ЕУ

Тајани: Стабилноста на Западен Балкан е клучна за ЕУ

Софија, 16 мај 2018 (МИА) - Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани денеска во Софија изјави дека за Европската унија клучна е стабилноста на Западен Балкан.

- Во следните месеци мора да се занимаваме со Западен Балкан се повеќе и повеќе, оцени Тајани.

Пред состанокот на претставниците на Европските народни партии, кој се одржува пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, Тајани изјави дека е добро што се разговара за ситуацијата на Западен Балкан.

Тој уште нагласи дека мора да се зајакне економската соработка во многу земји од регионот и потсети дека Србија и Црна Гора веќе се кандидати за членство во ЕУ.

- Мој предлог е повеќе пари да се вложат во инфраструктурата на Западен Балкан, изјави Тајани. ссм/сп/17:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Хилари Клинтон и Спилберг во заеднички проект

Хилари Клинтон и Стивен Спилберг ќе копродуцираат ...

Повеќе десетина илјади посетители на настапот на Брена во Струмица

Со настапот на Црвена Јабука, Дубиоза колектив, Са...

Тесла може да пушти електромобил за 25.000 долари по три години

Најдостапниот електромобил на Тесла во моментов чи...

Германски ресторан забрани доаѓање на деца во вечерните часови

Еден ресторан на германскиот остров Риген, забрани...

Германија: Немаме план за доаѓање на вонземјани

Германската Влада соопшти дека не направила никако...