• A-
  • A
  • A+
вторник, 21 август 2018, 

Борисов: Балканот ќе биде едно од најдобрите места за живот

Борисов: Балканот ќе биде едно од најдобрите места за живот

Софија, 16 мај 2018 (МИА) - Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека доаѓањето на европските лидери во Софија за Самитот ЕУ-Западен балкан и нивното запознавање со проблемите со кои се соочува регионот претставува успех, но на крајот се зависи од самиот Западен Балкан.

На отворањето на конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: Создавање подрачје на раст, безбедност и поврзаност на патот кон Европа“, Борисов изјави дека сите европски лидери го сфаќаат значењето на железничките коридори, автопатишта, дигиталната инфраструктура и пристаништа во регионот.

Според него, лидерите на Светска банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, кои се присутни во Софија, ќе можат да добијат вистинска претстава за тоа што и како ќе финансираат.

- Убеден сум дека Балкан ќе стане едно од најдобрите места за живеење во Европа, оцени Борисов.

Екатарина Захариева ЕПА

Бугарската министерка за надворешни работи Екатарина Захариева изјави дека земјите од Западен Баслкан покажуваат дека се спосбни за примена на реформи и решавање на билатералните спорови.

- Прво треба да покажеме дека можеме да живееме во сегашноста, да го оставиме минатото зад себе и да соработуваме, изјави Захариева. Таа предупреди дека и покрај тоа што во ЕУ има противници на брзото проширување, бесконечното одложување ги обесхрабрува граѓаните на Западен Балкан.

Манферд Вебер ЕПА

Шефот на пратеничката група на Европската народна пртија (ЕПП) во Европарламентот, Манфред Вебер изјави дека на Европа и треба Западен Балкан и на Западен Балкан и треба Европа, но дека во ЕУ постои отпор.

Тој изјави дека сака да ги убеди луѓето дека за Западен Балкан постои пат кон Европа, но додаде дека ЕУ не е подготвена сега да прими шест нови членки. ссм/сп/18:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Сите „паѓаат“ поради новиот тренд на Инстаграм

Лажните паѓања и тоа на невообичаени места се нова...

Опра со пријателите летува во Дубровник

Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра...

Мерилин Менсон колабираше за време на концерт во Хјустон

Музичарот Мерилин Менсон колабираше за време на ко...

Полицајка од Аргентина надои болно бебе во болницата каде што работи

Полицајка која била на должност во една аргентинск...

Принцот Чарлс може да си го смени името пред да седне на престолот

Принцот Чарлс чека на ред за престолот на Британск...