• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Хан до Албанија: Уапсете ги „големите риби“ или заборавете на интеграција во ЕУ

Хан до Албанија: Уапсете ги „големите риби“ или заборавете на интеграција во ЕУ

Тирана, 16 мај 2018 (МИА) - Европскиот комесар за проширување на Јоханес Хан и порача на Албанија дека доколку навистина сака да започне преговори за членство во ЕУ, треба да почне со апсење на „големите риби“.

Во интервју за гермскиот весник „Штутгартер Цајтунг“ Хан нагласува дека Албанија треба да ги изнесе пред правдата корумпираните функционери или во спротивно „добро ќе биде да ја заборави ЕУ“

- За започнување преговири за членство, ние посветуваме големо значење на спроведувањето на законите, изнесување пред правдата на вистинските случаи на корупција и секако големите риби да не се поштедуваат. Без напредок во овој правец преговорите може да се прекинат, вели Хан.

Еврокомесарот се задржува и на скептицизмот што владее кај повеќе европски држави во врска со започнувањето на преговорите со неколку земји од Балканот, меѓу кои и Албанија. упатувајќи им апел на земјите членки на ЕУ да му дадат поттик на Балканот за да се обедини во европското семејство.

- Скептицизмот го разбирам и исто така не велам дека се подготвени да се зачленат. Исполнувањето на потребните реформи за тоа може да се постигнат во текот на процесот за членство, нагласува Хан.

Тој во интервјуто посочува дека лично лобирал во германскиот Буденстаг следниот месец да и биде даде зелено светло на Албанија за почеток на преговорите за челнство. вт/сп/18:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...