• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Закерберг прифати да сведочи пред Европскиот парламент

Закерберг прифати да сведочи пред Европскиот парламент

Брисел, 16 мај 2018 (МИА) - Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани соопшти дека извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг ја прифатил поканата и ќе се појави на сослушувањето во Брисел.

Тајани додаде дека очекува сослушувањето да се одржи следната седмица кога претседателите на парламентарните групи ќе му поставуваат прашања на Закерберг.

Според Тајани, ова е чекор кон обновување на довербата на корисниците. 

Претседателот на ЕП додаде дека претставници на Фејсбук ќе се појават пред парламентарните комисии за граѓански слободи, правда и внатрешни работи. На состанокот ќе се разговара за прашања поврзани со заштитата на личните податоци и влијанието врз изборните процеси во Европа. ссм/сп/19:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...