• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Сорос купил обврзници во Тесла

Сорос купил обврзници во Тесла

Сан Франциско, 16 мај 2018 (МИА) - Милијардерот Џорџ Сорос купил удел во производителот на електрични автомобили Тесла на почетокот на годинава.

Сорос фанд менаџмент соопшти дека купила обврзници на компанијата на Елон Маск за 35 милиони долари. Се смета дека Тесла е под сериозен притисок на финансиските пазари поради серијата деловни неуспеси како што се застојот во производството на Моделот 3. Самиот Маск неодамна си ја влоши положбата откако прекина прес конференција поради незгодните прашања, што предизвика пад во вредноста на акциите на Тесла.

Во меѓувреме, швајцарските власти почнаа истрага по несреќните случај во областа Тицино, каде германски државјанин загина минатата недела по судир во неговата Тесла. Возилото се запалило по судирот, и се испитува дали пожарот бил предизвикан од електричната батерија на Теслата Модел С. цч/19:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.