• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Комисија на Сенатот ја одбри номинацијата на Хаспел за директор на ЦИА

Комисија на Сенатот ја одбри номинацијата на Хаспел за директор на ЦИА

Вашингтон, 16 мај 2018 (МИА) - Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат денеска ја одбори номинацијата на Џина Хаспел за нов директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

„За“ одобрување на кандидатурата на Хаспел се изјаснија 10 сенатори, осуммина републиканци и двајца демократи, а „против“ беа петмина демократски сенатори.   

По одобрувањето на номинацијата од страна на Комисијата, се сочекува во текот на следната недела Сенатот да гласа за нејзиниот избор. 

Хаспел беше изложена на критики, меѓу кои и од страна на влијателните републикански сенатори Ранд Пол и Џон Меккејн, поради нејзината поврзаност со програмите на ЦИА за измачување на лица осомничени за тероризам.

Во текот на минатонеделното сослушување на Хаспел пред Сенатот доминираа прашања во врска со нејзиното учество во програмите за измачување на ЦИА за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш. 

Но, и покрај резервите на некои сенатори кон нејзината кандидатура, сепак се очекува 61-годишната Хаспел да биде избрана за прва жена на чело на ЦИА. сп/19:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...