• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Трамп: Не знам дали ќе се сретнам со Ким

Трамп: Не знам дали ќе се сретнам со Ким

Вашингтон, 16 мај 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека засега не е јасно дали ќе се одржи неговата закажана средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Мораме да видиме. Нема одлука, воопшто не сме информирани.. Не видовме ништо, не слушнавме ништо, изјави Трамп.

Американскиот претседател нагласи дека и покрај се, тој ќе продолжи да инсистира на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. 

Доналд Трамп ЕПА

Северна Кореја вчера се закани дека би можела да ја откаже средбата меѓу Трамп и Ким превидена за 12 јуни во Сингапур, поради најавените јужнокоројско-американски воени вежби.

Од истите причини, властите во Пјонгјанг ги откажаа и за денеска предвидените разговори на високо ниво меѓу претставници на Северна и Јужна Кореја.

Претходно денеска портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека САД и натаму се надеваат дека ќе се одржи планираната средба меѓу Трамп и Ким, додавајќи дека се подготвени за тежок преговарачки процес.

Сара Сандерс ЕПА

- Се уште се надеваме дека средбата ќе се одржи и ќе продолжиме по тој пат, но истовремено подготвени сме дека тоа би можеле да бидат тешки преговори, изјави Сандерс во интервју за Фокс њуз.

Таа додаде дека Трамп е подготвен за средба, но дека доколку таа не се оствари, тогаш САД ќе продолжат со кампањата за вршење максимален притисок. сп/19:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...