• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Рама: Сон ми е Албанците да се обединат под небото на ЕУ

Рама: Сон ми е Албанците да се обединат под небото на ЕУ

Брисел, 16 мај 2018 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека никогаш не сонувал за „Голема Албанија", бидејќи има поголем сон - сон за „Голема Европа", под чие небо ќе се обединат сите Албанци.

Во интервју за порталот Еуроњуз, Рама изрази жалење поради реакцијата која беше предизвикана од неговата претходна изјава дека еден ден Косово и Албанија би можеле да имаат заеднички претседател.

- Тоа не требаше да биде вознемирувачка изјава, туку идеја, изнесена во посебни околности, на десеттата годишнина од независноста на Косово и за време на обраќањето пред косовскиот Парламент, рече албанскиот премиер. 

Според него, идејата за заеднички претседател се однесува за период по 20 години, допoлнувајќи дека пред да ја изнесе идејата рекол оти дијалогот меѓу Белград и Приштина за 20 години може да биде успешно завршен и  Србите и Албанците да бидат дел од ЕУ.

- Значи, многу предуслови до моментот кога би можеле да имаме заеднички претседател, објасни Рама, кој на прашањето дали сега жали за изјавата - одговори негативно.

Тој посочи дека албанскиот Устав обврзува да се штитат Албанците во сите други земји, но цени дека на Албанците „никогаш не им било подобро отколку што им е денес во местата каде живеат."

- Така, во Косово, тие сега имаат своја држава. Во Македонија се дел од една вистинска револуција кога станува збор за промена на односот кон албанскиот јазик и албанскиот народ. Во јужниот дел на Србија, се надевам дека ќе се подобрат условите врз основа на фактот дека Србите во Косово се третирани многу добро, и многу подобро, рече Рама. ссм/сп/20:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...