• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Полицајци упаднаа во домот на поранешниот малезиски премиер Разак (ДПЛ)

Полицајци упаднаа во домот на поранешниот малезиски премиер Разак (ДПЛ)

Куала Лумпур, 16 мај 2018 (МИА) - Група полицајци вечерва упаднаа во домот на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак.

Според очевидци, полицијаците пристигнале во куќата на Разак, набрзо откако тој се вратил од вечерната молитва во џамија.

Досега владејачката коалиција на Разак, Националниот фронт, претрпе пораз на изборите на 9 мај, по што викендов новите власти му забранија на поранешниот премиер да ја напушти земјата.

Во текот на изборната кампања опозицијата го обвинуваше Разак за злоупотреби на средства од државните фондови.

Малезиските медиуми јавија дека полицајците вршат претрес во домот на Разак барајќи документи поврзани со државниот инвестициски фонд 1МДБ, во рамки на истрагата за злоупотреби на неговите средства.

Според истите извори, во домот на Разак полицајците изнеле неколку кутии со документи. 

Во рамки на истрагата, покрај куќата на Разак бил извршен претрес и во неколку други објекти, меѓу кои и неговата канцеларија и стан.

Според обвинувањата против Разак, од фондот 1МДБ се излеале најмалку 4,5 милијарди долари на сметки во САД, Швајцарија, Сингапур, а можно е и во Луксембург. Новите малезиски власти веќе побарале од овие држави да соработуваат со Куала Лумпур во истрагата. 

Новиот малезиски премиер Махатир Мохамед изјави дека според првичните резултати од истрагата, обемот на злоупотреби на државни средства од страна на Владата на Разак бил многу поголем од очекуваното.

- Тие пари и припаѓаат на Малезија и потекнуваат од 1МДБ. Ќе бараме парите да и бидат вратени на Малезија, нагласи Мохамед. сп/21:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.