• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Млади правници даваа бесплатни правни совети и информации

Млади правници даваа бесплатни правни совети и информации

Струмица, 17 мај 2018 (МИА) - Македонско здружение на млади правници (МЗМП) во рамките на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица даваше бесплатни правни совети и информации.

- Правна помош ќе се обезбедува со теренски посети во руралните и исклучените средини од Југоисточниот и Вардарскиот регион, каде живеат поединци и семејства со ниски приходи, кои поради социјалната исклученост не можат да остварат низа од своите права во различни правни области, од социјална и здравствена заштита, преку присилно извршување и правото на сопственост, па до заштита на права за работни односи и заштита од дискриминација, изјави Елена Георгиевска од МЗМП. 

Покрај Отворениот ден со граѓаните на Струмица, тимот на Здружението спроведе и теренска посета на селата Добрејци, Просениково и Дабиле.

Проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ е поддржан од Европската унија, а го спроведува МЗМП со партнерство со Правниот информативен центар од Љубљана, Словенија. рт/см/14:17

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ