• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Матурантите од Струмица слават на плоштадот „Гоце Делчев“

Матурантите од Струмица слават на плоштадот „Гоце Делчев“

Струмица, 17 мај (МИА) - Матурантите од струмичките средни училишта почнаа со славење на матурирањето на плоштадот „Гоце Делчев“. 

Со песни, ора и чочеци денеска славеа матурантите од Гимназијата „Јане Сандански“, а вчера истото го направија и матурантите од Средното училиште „Димитар Влахов“.

Според матурантите, станува збор за традиција која од порано се практикува и тие само ја продолжуваат во пресрет на официјаните матурски прослави.

Утре точно напладне во Струмица, како и во други градови во државата, ќе се одржи традицоналниот матурски квадрил, на кој ќе танцуваат завршените средношколци. рт/см/ 14:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.