• A-
  • A
  • A+
недела, 20 мај 2018, 

Четворица уапсени при акција на косовската полиција во северна Митровица

Четворица уапсени при акција на косовската полиција во северна Митровица

Приштина, 17 мај 2018 (МИА) - Косовската полиција денеска уапси четири лица, тројца мажи и една жена, при контрола на три локации во северниот дел од Косово - две во Косовска Митровица и една во Звечан, при што е запленето оружје и друг доказен матееријал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според портпаролот на регионалната полиција во Косовска Митровица, Бесим Хоти, акцијата е преземена по налог на надлежен суд „по неколкуте сериозни случувања на северот на земјата“.

По налог на обвинителот на уапсените им е одреден 48-часовен притвор.

Запленетиот пиштол и другиот доказен материјал ќе послужат за натамошната истражна постапка, соопшти полицијата. иа/сп/15:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мануел има 121 година и посакува уште да живее

Мануел Гарсија Хернандез можеби е најстариот човек...

Кралското семејство им се заблагодари на сите за венчавката

Британското кралско семејство им се заблагодари на...

Златна палма за јапонскиот филм „Крадци“

Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисер...

Мајка го сменила името на синот поради грешка во тетоважата

Со цел да ја усклади новата тетоважа со името, ма...

Во минатото пивото се ладело со помош на глечери

Да се пие ладно пиво, денес не е ништо невообичаен...