• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Гвон: Владата на Јужна Кореја е игнорантска и некомпетентна

Гвон: Владата на Јужна Кореја е игнорантска и некомпетентна

Сеул, 17 мај 2018 (МИА) - Главниот преговарач на Северна Кореја, Ри Сон Гвон денеска ја нарече јужнокорејската Влада „игнорантска и некомпетентна“.

Тој ги осуди американско-јужнокорејските воени вежби и се закани  дека ќе прекинат сите разговори со Сеул доколку не бидат исполнети барањата на Пјонгјанг.

 

Првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје-гван вчера изјави дека Пјонгјанг ми можел да ја преиспита својата одлука за состанокот со САД доколку Вашингтон продолжи да бара унилатерална денуклеаризација.

- Доколку администрацијата на американскиот претседател е заинтересиран за унапредување на севернокорејско-американските односи, ние позитивно ќе одговориме на предлог средбата, истакна Ким. ми/16:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.