• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Лигата и М5С се договорија да формираат влада

Лигата и М5С се договорија да формираат влада

Рим, 17 мај 20189 (МИА) - Италијанските партии Движењето пет ѕвезди (М5С) и Лигата постигнаа принципиелен договор за програмата на коалициската влада.

Лидерите на ултрадесничарката Лигата, Матео Салвини и на М5С, Луиџи Ди Мајо разработија заедничка политичка програма за надминување на политичката криза, што трае повеќе од 10 недели. 

Договорот се уште не е објавен бидејќи треба да биде одобрен од членовите на партиите, како и од италијанскиот претседател Серџо Матарела. 

Политичката криза во Италија настана по изборите на 4 март, кога ниту една политичка партија не освои мнозинство гласови за сама да формира влада. ми/17:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.