• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Меркел: Државите од Западен Балкан имаат јасна европерспектива

Меркел: Државите од Западен Балкан имаат јасна европерспектива

Софија, 17 мај 2018 (МИА) - Државите од Западен Балкан имаат јасна перспектива за члество во Европската унија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

Меркел истакна дека на средбата во Софија не е донесена никаква одлука за прашањето за проширување на ЕУ, но нагласи дека за таа тема ќе се разговара на следниот Самит на Унијата во јуни.

Германската канцеларка како особено значаен го нагласи напредокот во разговорите меѓу Грција и Македонија, изразувајќи надеж дека ќе биде најдено решение прашањето за името. 

Како што јави БТА, Меркел оцени дека средбата во Софија била многу важна, бидејќи на неа биле водени многу корисни разговри и притоа и се заблагодари на Бугарија за добрата организација на собирот.

Според Меркел, на средбата биле разгледани прашања за соработката, за реализација на инфраструктурни проекти, за иранската нуклеарна програма и за трговијата,

Меркел при тоа нагласи дека земјите од ЕУ се договориле да продолжат да го поддржуваат иранскиот нуклеарен договор и покрај повлекувањето на САД од него.

Таа истакна дека ЕУ ќе ги продолжи преговорите со САД и останатите партнери околу договорот, со цел и Иран да не се повлече од него. сп/16:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...