• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Туск: Западен Балкан е приоритет за ЕУ

Туск: Западен Балкан е приоритет за ЕУ

Софија, 17 мај 2018 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека не гледа друга иднина за Западен Балакн отколку таа во Европска унија.

- Не постои план Б. Западен Балкан е составен дел од Европа и припаѓа на нашата заедница, наведе Туск.

Тој наведе дека за време на Самитот во Софија се разговарало за подобрување на врските во регионот, но и за врските на ЕУ со Западен Балкан и тоа во областа на меѓучовечки контакти, економијата, инфраструктурата и дигиталните програми.

- Сакам да бидам јасен. Агендата за поврзување не е алтернатива ниту замена за проширувањето. Тоа е начин  да се искористи времето помеѓу денес и утре поефикасно отколку претходно, со цел нашите граѓани и компании да не чекаат на сите придобивки од ЕУ интеграциите, наведед Туск.

 

Претседателот на Европскиот совет, Самитот Европска унија - Западен Балкан го оцени како многу добар и успешен, додавајќи оти сите 28 лидери на ЕУ зборуваа за европската перспектива на регионот.

 

- Ако го споредиме овој регион со другите делови на Европа, кога зборуваме за „проблеми по глава на жител“ Западен Балкан е пред Франција и Германија заедно. Затоа мораме да бидеме упорни, цврсти, оптимисти, но и внимателни со нашите ветувања, посочи Туск. ми/16:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...