• A-
  • A
  • A+
недела, 20 мај 2018, 

Меј: Решението за името ќе донесе придобивки за двете земји

Меј: Решението за името ќе донесе придобивки за двете земји

Скопје, 17 мај 2018 (МИА) - Целосна поддршка во решавањето на спорот за името, денеска даде премиерката на Обединетото Кралство Тереза Меј која е во официјална посета на Република Македонија. На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, британската премиерка порача дека решението ќе има придобивки и за Македонија и за Грција.

- Само неколку месеци по парламентарните избори во Македонија дојде до големи промени. Владата подаде рака кон своите соседи и почна да се ангажира за решение на проблемот со името. Знам дека Македонија е посветена кон ова решение, а таквото решението ќе донесе чисти придобивки и за двете земји. Можете да сметате на целосната поддршка на Обединетото Кралство на овој пат, истакна Меј.

Таа ја потенцираше и поддршката на Бритенија во споделивањето на воената експертиза и помошта во одбранбената стратегија. Како доказ за таа поддршка, Меј ја нагласи и одлуката на Обединетото Кралство да биде домаќин на следниот Самит посветен на Берлинскиот процес во јули.

- Подобрување на економската стабилност, подобра политичка соработка и надминување на проблемите во последните 30 години, ќе бидат во фокусот на овој самит. Вашата земја е интегрален дел од Европа, а еден просперитетен западно-балкански регион е од корист за сите во регионот и во Европа. Нашето пријателство ќе јакне и понатаму. Македонскиот одговор на нападот во Солсбери е доказ за вашата посветеност кон заедничките односи и никогаш не сме биле поблиску како земји, нагласи Меј.

Премиерот Заев оцени дека денешната посета на неговата британската колешка Меј потврдува дека Велика Британија останува заинтересирана и ангажирана за напредокот на Западен Балкан и оти Самитот во Лондон ќе биде уште една верификација на позитивните инструменти на регионалната соработка на Западен Балкан во економијата, транспортот, безбедноста и интеграциите.

-Евроатлантските интеграции на Македонија се важни за нас, но и за регионот. За граѓаните и за Македонија значат економија и перспективи, но за регионот, за ЕУ и за светот значат стабилност и безбедност. Значат спречување и други фактори да застанат на патот на ваквата заедничка иднина што е интерес на сите, рече Заев додавајќи дека ќе продолжат деморатските реформски процеси во Македонија, како и негувањето на добрососедските односи и меѓународната соработка за клучните прашања.

Потсети дека реализацијата на реформскиот План 3-6-9 е вреднуван од ЕУ со чиста и безусловна препорака најавувајќи дека ќе се спроведе новиот план 18 кој е фокусиран на зајакнување на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Додаде дека во мигрантската криза во 2015 година Македонија се докажала како доверлив партнер на ЕУ и дека преку учеството на заедничките мисии е лојален и сигурен партнер на НАТО. бк/вг/

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Мануел има 121 година и посакува уште да живее

Мануел Гарсија Хернандез можеби е најстариот човек...

Кралското семејство им се заблагодари на сите за венчавката

Британското кралско семејство им се заблагодари на...

Златна палма за јапонскиот филм „Крадци“

Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисер...

Мајка го сменила името на синот поради грешка во тетоважата

Со цел да ја усклади новата тетоважа со името, ма...

Во минатото пивото се ладело со помош на глечери

Да се пие ладно пиво, денес не е ништо невообичаен...