• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Малики: Арапските земји да ги повлечат амбасадорите од САД

Малики: Арапските земји да ги повлечат амбасадорите од САД

Каиро, 17 мај 2018 (МИА) - Палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ел Малики денеска изјави дека арапските држави би требало да ги повлечат своите амбасадори од САД како одговор на преселувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

- Нема штета ако арапските земја колективно ги повлечат своите амбасадори од Вашингтон во нивните престолнини на консултации, посочи Малики, кој присуствува на седницата на Арапска лига, што се одржува во Каиро.

Тој додаде дека би требало да бидат повикани на разговор и американските амбасадори во арапските земји.

- Арапските држави претходно се согласија дека ќе ги прекинат односите со секоја држава која би го следела примерот на Вашингтон односно би ја преселила својата Амбасада во Ерусалим, истакна Малики.

САД во понеделникот (14 мај) ја отворија својата Амбасада во Ерусалим, во согласност со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп донесена во декември минатата година. Поради отворањето на Амбасадата на границата помеѓу Појасот Газа и Израел имаше протести кои прераснаа во насилство, при што беа убиени најмалку 58 Палестинци, а околу 2.700 се повредени.

Палестинците го сметаат Источен Ерусалим за главен град на идната своја држава. ми/18:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...