• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Во Софиската декларација Косово наведно со ѕвездичка

Во Софиската декларација Косово наведно со ѕвездичка

Софија, 17 мај 2018 (МИА) - Во Декларацијата усвоена на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија и во нејзиниот Анекс, Косово е наведено со ѕвездичка (*). 

Како што јави Танјуг, во фуснотата за објаснување на ѕвездичката е наведено: „Овој натпис не го прејудицира статусот на Косово и е во согласност со Резолуцијата 1244 (на Советот за безбедност на ОН) и мислењето на Меѓународниот суд на правдата за косовската декларација за независност“.   

Фуснотата во врска со Косово првпат се појави во 2012 година, а од 2016 година таа е додадена во сите документи на телата на ОН во Приштина и во неа се повикува на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. сп/18:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.